ДО 31 МАЈ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ГОДИШНАТА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА 2024

    ДО 31 МАЈ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ГОДИШНАТА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА 2024Секој кој е регистриран на системот е-Даночни услуги има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31 мај, да ја потврди или да ја коригира годишната даночна пријава ако треба да се направи корекција, вели УЈП, (Фото: СДК.МК)

    До крајот на мај ќе може да се проверат Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за за остварените приходи во 2024 година, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП). Пријавите се поставени на лилните кориснички профили на системот е-Даночни услуги. Секој кој е регистриран на системот е-Даночни услуги има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31 мај, да ја потврди или да ја коригира годишната даночна пријава ако треба да се направи корекција.

    „По истекот на овој законски рок потврдените и годишните даночни пријави кои не се потврдени ниту се коригирани ќе се сметаат за конечни, додека коригираните даночни пријави ќе треба да се одобрат од страна на службено лице од Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2024 година. Кај обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава (PDF документот). Обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот“, вели УЈП.

    Изгенерирани се 841.671 даночна пријава за 2024 година, што претставува раст од 6%, односно 47.947 повеќе генерирани даночни пријави за минатата година споредено со 2023, кога беа генерирани 793.724 пријави.

    Управата за јавни приходи ги повика и граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и сè уште не се регистрирани на системот е-Даночни услуги, во најкраток рок да ги исполнат своите обврски за пријавување и плаќање на данок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира