ДОГОВОРОТ СО ТУРЦИЈА ЗА ДИПЛОМИ Е ОТКАЖАН ПОРАДИ НЕСОГЛАСУВАЊЕ СО КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ, ПОЈАСНИ ТУРСКАТА АМБАСАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДОГОВОРОТ СО ТУРЦИЈА ЗА ДИПЛОМИ Е ОТКАЖАН ПОРАДИ НЕСОГЛАСУВАЊЕ СО КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ, ПОЈАСНИ ТУРСКАТА АМБАСАДА

    Договорот за признавање на дипломите и уверенија за високо образование помеѓу Турција и Македонија е откажан поради неприфаќање на критериумите за признавање и еднаквост според стандардите, и тие ќе се спроведуваат според меѓународните договори, соопшти амбасадата на Турција во Скопје.

    „Договорот за признавање на уверенија и дипломи од високо, додипломско, постдипломско и докторско ниво, издадени во Република Турција и Република Македонија, потпишан меѓу нашата земја и Македонија на шести јуни 1998 година, е откажан во согласност со барањето на Советот за високо образование , поради несогласност со критериумите за признавање и еквивалентност според важечките стандарди”, пишува во соопштението од Амбасадата на Турција во Македонија.

    Пред околу две недели Турција донесе одлука да го раскине договорот со Македонија за признавање на македонските дипломи од сите образовни нивоа. Тоа предизвика вознемиреност кај македонските студенти во Турција, како и турските во Македонија.

    Македонија и Турција имаа воспоставено соработка на образовен план со меѓусебно признавање на дипломите уште од 1998. Раскинувањето доаѓа во период по турското барање за затворање на училиштата и фондациите поддржани од дисидентскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кого власта на претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвинува дека стои зад пучот лани во јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира