ДРИН, ВНУКОТ НА АЛИ АХМЕТИ, ОБЈАВИ ДЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ФИРМАТА ШТО ИМА УДЕЛ ВО „СОРАВИЈА“

    ДРИН, ВНУКОТ НА АЛИ АХМЕТИ, ОБЈАВИ ДЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ФИРМАТА ШТО ИМА УДЕЛ ВО „СОРАВИЈА“Албанскиот бизнисмен Владимир Пјетерѓокај (лево) и Дрин Ахмеди (десно) лани во јуни го презедоа трговскиот центар „Соравија“ (Фото: СДК.МК)

    Дрин Ахмеди, внукот на Али Ахмети, денеска објави дека неговата компанија „Тор Индустрис“ е преземена од американската компанија „Тексас Американ Интернешнл Холдингс“. Дрин е директор на трговскиот центар „Соравија“ во Скопје, каде што „Тор Индустрис“ стана еден од сопствениците во јуни минатата година.

    На почетокот на месецов, Обвинителството за организиран криминал и корупција потврди дека води предистрага за купопродажбата на трговскиот центар „Соравија“ и дека се проверуваат наводи за незаконски дејства на Дрин преку други државни институции и фондови.

    За компанијата „Тексас Американ Интернешнл Холдингс“ не можат да се најдат многу податоци. Со такво име воопшто не може да се пронајде компанија, но постои „Американ Интернешнл Холдингс“ со седиште во Тексас. Според финансискиот извештај на компанијата за 2023 година, таа имала еден вработен и приход од 62 илјади долари.

    Во корпоративното соопштение за преземањето се вели дека Дрин Ахмеди ќе се повлече од компанијата до крајот на годината, а не се споменуваат финансиски детали околу преземањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира