Вчера во Македонија беше формирано Франкофонско здружение на новинарите, кое стана полноправна членка на Меѓународното франкофонско здружение.
На основачкото собрание за претседател на здружението за претседател беше избрана новинарката Биљана Секуловска, новинарката Наташа Доковска за генерална секретарка и новинaрката Мирјана Трпчевска за благајничка.
Мисијата и целите на Франкофонското здружение како невладино тело е да ја чува и брани слободата на медиумите, да презема активности и акции во одбрана на слободата на принципите, слободите, интересите и правата на нејзините членови, како и да го брани и промовира францускиот јазик, преку медиумите на француски јазик во целиот свет, но и генерално на светската медиумска сцена.