ФРЧКОСКИ И НАЈЧЕВСКА НА СПИСОКОТ НА ВЛАДИНОТО ТЕЛО ЗА РЕФОРМИ НА ПРАВОСУДСТВОТО

    ФРЧКОСКИ И НАЈЧЕВСКА НА СПИСОКОТ НА ВЛАДИНОТО ТЕЛО ЗА РЕФОРМИ НА ПРАВОСУДСТВОТООд правосудните институции министерот Саљији им дал доверба само на: Фаик Арслани - врховен судија, Шефајет Хајдари - претседател на Апелациониот суд Гостивар, Бурим Сејдини – претседател на Управниот суд и на Илир Сулејмани, претседател на Основниот суд Скопје 2.- документот и Љубомир Фрчковски и Мирјана Најчевска

    Професорите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Борче Давитковски, Љубомир Фрчкоски и Гордан Калајџиев се во тимот на Советот за реформа на правосудниот сектор, кој министерот за правда Билен Саљији со решение го формирал во понеделникот.

    Според документот до кој дојде САКАМДАКАЖАМ.МК, во екипата има многу малку судии, а нема ниту еден обвинител ни од редовното, ни од Специјалното обвинителство.

    Решението е потпишано на 17 јули од министерот Саљији и е со печат на Министерството за правда, но сè уште не е објавено на веб страницата на Министерството. Нема ни документ дали ќе има и ако има, колку ќе биде паричниот надомест за членување во ова реформаторско тело.

    Од правосудните институции министерот Саљији им дал доверба само на: Фаик Арслани – врховен судија, Шефајет Хајдари – претседател на Апелациониот суд Гостивар, Бурим Сејдини – претседател на Управниот суд и на Илир Сулејмани, претседател на Основниот суд Скопје 2.

    Решението е потпишано на 17 јули од министерот Саљији и е со печат на Министерството за правда, но сè уште не е објавено на веб страницата на Министерството – факсимил од документот

    Советот за реформа на правосудниот сектор, што е дел од програмата 3-6-9 го сочинуваат 17 надворешни  и пет члена од Министерството за правда. Претседател е министерот, а, заменик на Советот е заменикот-министер за правда Оливер Ристовски.

    Во 9-члената професорска реформаторска група се и професорката Мирјана Најчевска од Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања при УКИМ, професорката Беса Арифи од Правниот факултет – Универзитет на Југоисточна Европа и нејзиниот колега Мерсим Максути од  Тетовскиот државен универзитет.

    Од меѓународните судови, на списокот се Мирјана Лазарова – Трајковска и Маргарита Цаца -Николовска, поранешни судијки на Европскиот суд за човекови права и слободи.

    Претставник од Уставниот суд е судијата Наташа Габер – Дамјановска.

    Министерот за правда вклучил и членови од други институции, како што пишува во решението за формирање на Советот, а тоа се: Џемаил Саити  – претседател на Здружението на судии, Народниот правобранител Иџет Мемети, Државниот правобранител Насер Ајдари и Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

    Во Советот може да бидат ангажирани и претставници од Делегацијата на ЕУ, на Амбасадата на САД и други, пишува на решението потпишано од министерот за правда.

     

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира