За првите пет месеци од оваа година Основниот суд Скопје 2 објавил на својата веб страна повеќе одлуки отколку што објавил лани за цела година. Со тоа избива на прво место од сите судови според транспарентноста, што е заедничка законска обврска.
Во периодот од први јануари до 31 мај годинава, Граѓанскиот суд анонимизирал и објавил вкупно 4.289 одлуки, што е за 3.449 одлуки повеќе во однос на истиот период за претходната 2017 година. Лани за истиот пеиод биле објавени само 840 одлуки на судиите, а вкупно за цела година 4.265.
Главниот акцент на обуките за судии што ги спонзорираат со години наназад странските држави со независно судство, е должноста за отвореност и достапност на судството пред граѓаните.
С. К. ДЕЛЕВСКА