ГРЦИЈА ЈА БРАНЕЛА МАКЕДОНИЈА ОД ЕУ САНКЦИИ

a:1:{s:13:"td_source_url";s:30:"Скопје,21јули2016

    ГРЦИЈА ЈА БРАНЕЛА МАКЕДОНИЈА ОД ЕУ САНКЦИИ

    Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, остро се противел на идејата за европски санкции за Македонија на вчерашниот Совет на министри за надворешни работи на ЕУ, јави агенцијата Мета.

    Според Коѕиас, ЕУ нема да ѝ помогне на Македонија преку санкциите и јавните притисоци, туку со дејствување преку подипломатски канали и во насока на развивање на култура на компромиси, демократски дијалог и демократија во работењето на медиумите.

    Коѕиас во изјавите за новинарите по завршувањето на состанокот истакна дека недостигот од демократија и од способност за компромиси, а не грчкото вето и барање да се реши спорот за името, е главна пречка за почеток на пристапните преговори за Македонија.

    Пред неговите европски колеги говорел дека одредени европски партнери ја имаат разгалено Македонија, правејќи ја власта неспособна да направи компромиси и дома и со нејзините соседи.

    “Поради начинот на кој јa третираат Европејците, Владата не научи да прави компромиси и главните проблеми што ги имаме денес се да помогнеме да се создаде култура на компромиси. Второ, да помогнеме во развој на демократијата, особено да придонесеме да има регуларен гласачки список и демократско функционирање на медиумите. Трето, не треба да се размислува за санкции. Јас и општо грчката влада сме против систем на санкции и во случајот на БЈРМ нема да дозволиме санкции. Вистинските пријатели кои се грижат за стабилноста на оваа држава се држави како Грција и Бугарија и повторив дека создавањето на оваа држава е реален факт на кој треба позитивно да се гледа. Меѓутоа името што го има и иредентизмот се негативни елементи“ изјави Коѕиас.

    Грчкиот министер предложил Европската Унија да ги намали јавните притисоци врз владата во Македонија и да помага и да дејствува преку дипломатски канали.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира