ГРУПА ПРАТЕНИЦИ ОД ВЛАСТА ПРЕДЛАГААТ СЕКРЕТАРИЈАТОТ СО КОЈ РАКОВОДИ ХАЗБИ ЛИКА ДА СТАНЕ МИНИСТЕРСТВО

    ГРУПА ПРАТЕНИЦИ ОД ВЛАСТА ПРЕДЛАГААТ СЕКРЕТАРИЈАТОТ СО КОЈ РАКОВОДИ ХАЗБИ ЛИКА ДА СТАНЕ МИНИСТЕРСТВОСо предлог законските измени стои дека со формирање на новото министерство практично се брише Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, а со него раководи вицепремиерот задолжен за спроведување на рамковниот договор и политички систем Хазби Лика (Фото: Влада на РСМ)

    Формирање ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците предлагаат пратеници од ДУИ, СДСМ и од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ со предлог измените на Законот за влада кои се доставени во Собрание.

    Во образложението на предложените законски измени стои дека Законот за влада треба да се усогласи со Законот за организација на работата на органите на државната управа, како и дека новото законско решение повлекува финансиски импликации на буџетот.

    Со предлог законските измени стои дека со формирање на новото министерство практично се брише Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. Предлогот законот е ставен на дневен ред на Собранието на 14 март.

    Со овој Секретаријат сега раководи вицепремиерот задолжен за спроведување на рамковниот договор и политички систем Хазби Лика, кој лани од мај до октомври не одеше на работа, оти му беше лут на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

    Во предложените законски измени стои дека тој ќе почне да се применува од први јуни годинава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира