ХОЈТ ЈИ: ДЕЛУМНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА Е НОВА КРИЗА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ХОЈТ ЈИ: ДЕЛУМНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА Е НОВА КРИЗА

    Заменик помошникот државен секретар на САД Брајан Хојт Ји изјави дека е неопходно политичките лидери најитно целосно да ја поправат штетата предизвикана од помилувањата.

    „Тоа поправање на штетите треба да биде направено на јасен, сеопфатен и недвосмислен начин, и што е можно поитно. Ако лидерите ги поништат или повлечат помилувањата на само делумен или селективен начин, тоа само дополнително ќе го зголеми растечкото чувство на неказивност во државата и на недостатокот од одговорност“, рече Хојт Ји денес на прес конференцијата пред американската амбасада во Скопје, по дводневите средби и разговори со македонските политички лидери за излез од политичката криза, на кои како што рече, главни теми биле повлекувањето на аболицијата и владеењето на правото.

    Тој рече и дека одговорноста подразбира и целосна поддршка за сите институции задолжени за спроведување на владеењето на правото, меѓу кои и СЈО задолжено за расчистување на случаите кои произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори.

    „Веруваме дека Владата преку своите активности мора да покаже посветеност за робусна и плуралистична демократија и имплементација на реформите на кои се обврзаа политичките партии со договорот од Пржино. Тоа значи вклучување на опозицијата и на ставовите на граѓанското општество. Оваа инклузивност ќе биде клучна за воспоставување на системот на контрола и рамнотежа во однос на моќта на Владата што на Македонија и е потребно за да оди напред“, рече Хојт Ји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира