ИГОР ТАНТУРОВСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АНТИКОРУЦИСКАТА КОМИСИЈА

    ИГОР ТАНТУРОВСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АНТИКОРУЦИСКАТА КОМИСИЈА

    Игор Тантуровски е избран за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Изборот на Тантуровски доаѓа по завршувањето на мандатот на досегашниот  претседател на ДКСК Горан Миленков.

    Државната комисија за спречување на корупцијата поради завршување на мандатот на Претседателот на ДКСК Горан Миленков, согласно со членот 48 од Законот за спречување на корупцијата за Претседател на  Државната комисија за спречување на корупцијата едногласно го избра Игор Тантуровски, соопшти ДКСК.

    Тантуровски е член на ДКСК од 2015 година. Пред тоа работел на Универзитетска клиника по хируршки болести Св.Наум Охридски – Скопје како финансиски директор. , Доктор е по eкономски науки. Докторирал во 2014.

    Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата се избира од редот на постојните членови на ДКСК, со мандат од една година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира