ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ОТСЕЧЕНА ОД СНЕГОТ, ЗАТВОРЕНИ ПОВЕЌЕ ПАТНИ ПРАВЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ОТСЕЧЕНА ОД СНЕГОТ, ЗАТВОРЕНИ ПОВЕЌЕ ПАТНИ ПРАВЦИ

    Патните правци кои водат кон источниот дел од Македонија се целосно затворени за сообраќај, информираше утрово Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

    Автопатот од Велес до Скопје е непрооден. Патниот правец од Штипска петља до Катланово е целосно  затворен за сите видови на патнички и товарни возила. Од наплатна станица „Отовица“ до Кула воопшто нема проодност на сообраќајот бидејќи има заглавено повеќе возила.

    Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес се одвива по една коловозна лента.

    Затворен е и магистралниот пат Штип – Кочани. Поради снежни наноси од селото Крупиште до бензиската пумпа „Ваго“ сообраќајот е во прекин, соопшти АМСМ.

    Во прекин е и сообраќајот на регионалниот пат Тетово – Јажинце кај селото Јажинце поради обилни врнежи од снег.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира