ИВАНОВ СО АЛБАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НИШАНИ НА ДЕБАТА КАЈ АЛИЕВ И ЖЕНА МУ ВО АЗЕРБЕЈЏАН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИВАНОВ СО АЛБАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НИШАНИ НА ДЕБАТА КАЈ АЛИЕВ И ЖЕНА МУ ВО АЗЕРБЕЈЏАН

    Македонскиот претседател Ѓорге Иванов и сопругата Маја патуваат за Азербејџан, каде в четврток и петок ќе учествуваат на Глобалниот форум во Баку, заедно со претседателите на Албанија, Црна Гора и Летонија, Бујар Нишани, Рајмондс Вејонис и Филип Вујановиќ. Иванов заминува за Азербејџан среде длабока политичка и институционална криза, која ја предизвика тој со недавањето на мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој собра 67 потписи од пратеници во парламентот. Иванов го оправда својот потег, обвинувајќи го Заев дека преговара за платформа правена во Албанија.

    Со неговото отсуство, без избран претседател на Собрание, кој според Уставот го заменува шефот на државата, Македонија останува без врховен командант на АРМ.

    На форумот во Баку, насловен „Иднина на меѓународните односи: моќ и интереси“, ќе учествуваат и поранешни претседатели, влијателни политички фигури и научници, велат организаторите од Меѓународниот центар Низами Ганџави.

    Иванов учествуваше и на претходните два Глобални форуми во Баку, како и на средби што ги организираше центарот во Италија и Бих. Дополнително, Школата за млади лидери на Иванов соработува со центарот повеќе од три години.

    Домаќин на Глобалниот форум е азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, кој минатиот месец ја назначи сопругата Мехрибан Алиева за потпретседател. Алиев владее со Азербејџан од 2003 година, кога го наследи татка си Хејдар.

    Од кабинетот на македонскиот претседател не одговорија на нашето прашање дали Иванов по Азербејџан ќе замине за Австралија, откако дел од медиумите објавија дека тој ќе престојува таму од 24 март до 4 април на средби на македонската дијаспора.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира