На именденот на поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот господин господин Стефан, денеска не дојде претседателот Ѓорге Иванов. Архиепископот традиционално на празникот „Св. Стефан“ на 9 јануари организира средба со највисоките функционери во државата.
За првпат годинава, на поглаварот му дојдоа само премиерот и претседателот на Собранието, Зоран Заев и Талат Џафери. Засега нема информации зошто претседателот Иванов не дојде на традиционалната средба во резиденцијата на господин господин Стефан под Кале.
Г. ТРПЕНОСКИ