ЈА ПРЕСУВАЛЕ, ПА ЈА ДРОБЕЛЕ ОПРЕМАТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:297:"Целаташемазатоакакосеуништувалесистемите,Специјалнотојавнообвинителствојаприкажапрекуисцртанитабелииточнидатуминапостапувањенаосомничените

    ЈА ПРЕСУВАЛЕ, ПА ЈА ДРОБЕЛЕ ОПРЕМАТА

    Скопје, 30 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Oпремата и системите за следење на комуникации освен што биле уништени во преса, морале да се стават и во дробилница за да се здробат, со цел да се осигура целосно ништење на системите за следење на коумикациите.  Целата шема за тоа како се уништувале системите, Специјалното јавно обвинителство ја прикажа преку исцртани табели и точни датуми на постапување на осомничените.

    “Откако лицето што вршело видео и фото документирање на настанот ги ги предал фото и видео записите изрежани на  ДВД диск, службениот материјал бил уништил со цел прикривање на трагите, за што бил доставен и допис до Секторот за финансиски прашања при Министерството за внатрешни работи, а со цел бришење на ништената опрема и системи од листите на задолжување на Управата за безбедност и контраразузнавање”, објасни обвинителката Ленче Ристоска.

    По уништување на целата опрема, биле преземени повеќе дејствија на фалсфикување на службени исправи. За таа цел, началникот на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање им дал налог на началниците на организационите единици во УБК да направат известување за потребата од ништење на системи и опрема.

    “Потоа истиот со умисла го поттикнал осомничениот документарист да изврши фалсификување на службена исправа и на ваквите известувања да внесе невистинити податоци, односно истите да ги заведе во деловодната книга за 2014 година, како да се изготвени во 2014 година, иако овие дописи се изготвени во периодот од 2015 до 2016 година”,  го прикажа Ристоска начинот како биле уништувани системите, и постапките кои осомничените ги презеле потоа, со цел да ги прикријат трагите од уништувањето.

    Според Ристоска, првоосомничениот заради прикривање на други лица кои неовластено ги користеле системите за следење на комуникациите при УБК, издал усна наредба до раководните лица на организационите единици во рамки на Одделот за оперативно техничка поддршка на операции за доставување на Известување за состојба на материјално технички средства во Управата за безбедност и контраразузнавање. Ваквата наредба била дадена со цел да се прикаже наводна потреба од ништење на системите за следење на комуникации, иако согласно Извештајот од пописот за 2014 година не е констатирана потреба од расходување на средства или системи по било кој основ.

    Врз основа на известувањата кои ги добил, тој на 11 март доставил Предлог за формирање Комисија за попис, расходување, ништење и бришење од евиденцијата и од листата на задолжување заради техничка застареност и нефункционалност на системите.  Притоа членови на Комисија предложил лица кои ракуваат со средствата кои се предмет на попис, односно лица кои се материјално задолжени за средствата кои се предмет на попис.

    На 23 март тогашната министерка за внатрешни работи формирала Комисија за попис, расходување, ништење и бришење од евиденцијата и од листата на задолжување на системи и техничка опрема во Управата за безбедност и контраразузнавање, без да ги има предвид одредбите од законските и подзаконските акти кои го регулираат начинот на постапување со класифицирани информации, без да има конкретен законски основ за формирање на комисија за ништење на средства и опрема, без да постои барање од сите организационите единици во Управата за безбедност и контраразузнавање согласно Упатството за вршење попис и без да изврши проверка дали предложените членови на Комисијата ги исполнуваат условите од Упатството за вршење на попис во Министерството за внатрешни работи.

    Другиот ден Комисијата направила  попис на системите и техничката опрема но само во Одделот за оперативно – техничка поддршка на операции и следниот ден лицата задолжени за ракување со системот за следење на комуникации го исклучиле системот за следење на комуникации кој тогаш бил во употреба. Веќе на 28 март ги натовариле системите и опремата кои биле предмет на попис и ништење, меѓу кои и двата системи за следење на комуникации.

    Ваквите системи и опрема со товарни возила сопственост на МВР биле однесени во отпад за старо железо. Откако целата опрема и системи биле ставени во пресата за ништење и пресувани, остатоците биле избалирани и оставени на отпадот, кој простор бил набљудуван од страна на припадници на Управа за безбедност и контраразузнавање.

    Во април 2015 година по налог на првоосомничениот,  дел од членовите на Комисијата, заедно со претставници на правното лице, откако ги натовариле балираните делови од уништените системи и опрема, се упатиле во друга фирма, отпад  каде балираните делови од системи и опрема биле ставени во дробилица и биле повторно здробени.

    За спроведеното ништење Комисијата изготвила Записник и преглед на ништени средства и опрема, како и Извештај. Досега не се пронајдени докази за тоа дали овој Извештај е доставен до Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање и Министерот за внатрешни работи, рече Ристоска.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира