КАНЦЕЛАРИИТЕ ЗА ВРСКИ ВО АТИНА И СКОПЈЕ ОФИЦИЈАЛНО СТАНАА МАКЕДОНСКА И ГРЧКА АМБАСАДА

    КАНЦЕЛАРИИТЕ ЗА ВРСКИ ВО АТИНА И СКОПЈЕ ОФИЦИЈАЛНО СТАНАА МАКЕДОНСКА И ГРЧКА АМБАСАДАПодигнувањето на нивото на дипломатско-конзуларните претставништва се прави согласно членот 10 од Договорот од Преспа. - Од потпишувањето на Договорот од Преспа (Фото: СДК.МК)

    Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Грција денеска разменија ноти, со кои, согласно Договорот од Преспа, се подига нивото на Канцелариите за врски во Скопје и Атина на ниво на амбасади, соопшти Министерството за надворешни работи.

    Дополнително, Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Солун се подига на ниво на Генерален конзулат, а истовремено Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат.

    Подигнувањето на нивото на дипломатско-конзуларните претставништва се прави согласно членот 10 од Договорот од Преспа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира