КАРЛ БИЛТ ВО СКОПЈЕ, НАЈАВИ СРЕДБИ СО ПОЛИТИЧКИТЕ ЛИДЕРИ

    КАРЛ БИЛТ ВО СКОПЈЕ, НАЈАВИ СРЕДБИ СО ПОЛИТИЧКИТЕ ЛИДЕРИКарл Билт утринава објави фотографија од аеродромот во Болоња на пат за Скопје. (Фото: Твитер)

    Поранешниот шведски премиер Карл Билт денеска и утре ќе престојува во Скопје како копретседавач на тинк-тенкот Европски совет за надворешни работи (ЕЦФР). Тој вчера ја најави посетата на својот блог и најави дека ќе има средби со политичките лидери во Македонија, по кои неговиот тинк-тенк ќе се обиде да формулира препораки за решавање на кризата, а утринава на Твитер објави фотографија од аеродромот во Болоња на пат за Скопје. Засега нема потврда од Министерството за надворешни работи, ниту од партиски извори за најавените средби.

    „Ќе имаме средби со претседателот, лидерите на поголемите политички партии, сите релевантни амбасадори и со независни експерти. Дали потоа ние од ЕЦФР ќе можеме да формулираме препораки за европската политика останува да видиме. Бројните посети на европски политичари на разни нивоа досега не успеаја да помогнат да се надмине политичката блокада“, објави вчера Билт на својот блог.

    Билт околу пладне повторно се огласи на Твитер и порача дека „не се гледа крајот на уставната криза во Скопје. Рововите изгледаат подлабоко. Ужасна ситуација“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира