Комерцијална банка пушти во употреба нов портал за електронско банкарство кој овозможува брз, едноставен и безбеден пристап до личните и деловните финансии.
Со целосно нов и интуитивен изглед и со напредни функционалности, интернет банката дозволува лесно управување со платежни сметки, депозити, картички и кредити, вршење трансакции за неколку секунди и 24/7 следење на финансиските промени за максимално безбедни финансии.
Новата интернет банка обезбедува подобро корисничко искуство со лесен пристап до производите, иновативни алатки за анализа на трошоци и поставување финансиски цели,поедноставени плаќања и побрза обработка на трансакции, персонализирани услуги според сечии потреби и максимална безбедност и контрола на сметки и платежни картички.
„Како долгогодишен лидер во финансискиот сектор, Комерцијална банка со новиот портал за електронско банкарство уште еднаш ја истакнува својата посветеност на иновациите и дигитализацијата, поставувајќи нови стандарди во банкарските услуги. Со оваа значајна надградба на нашето електронско банкарство сакаме да им понудиме на клиентите алатка која ги олеснува секојдневните трансакции и им помага да бидат поефикасни во управувањето со личните или деловните финансии. Веруваме дека новата Интернет банка ќе им донесе на клиентите уште подобро корисничко искуство и заштеда на време и ресурси“, изјави Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.