ЛДП Ѝ ИЗГЛАСА ДОВЕРБА НА ЛИДЕРКАТА МОНИКА ЗАЈКОВА, ВО ПАРЛАМЕНТОТ ЌЕ ДЕЈСТВУВА НЕЗАВИСНО

    ЛДП Ѝ ИЗГЛАСА ДОВЕРБА НА ЛИДЕРКАТА МОНИКА ЗАЈКОВА, ВО ПАРЛАМЕНТОТ ЌЕ ДЕЈСТВУВА НЕЗАВИСНОМоника Зајкова беше коносителка во првата изборна единица на парламентарните избори, заедно со лидерот на СДСМ во оставка, Димитар Ковачевски. - Изборен плакат на Коалицијата за европска иднина (Фото: Фејсбук)

    Либерално-демократската партија на синоќешната седница на Централниот одбор одлучи да ѝ даде целосна поддршка на претседателката Моника Зајкова да ја води и застапува партијата во идните делувања и во јавноста, соопшти партијата, која на парламентарните избори на 8 мај настапи во коалиција со СДСМ.

    Оттаму велат дека ЛДП во парламентот, каде што Зајкова е единствен пратеник, ќе дејствува независно како и досега, а ќе дадат поддршка на сè што значи напредок на државата на реформскиот и евроинтегративниот пат и ќе носи добробит на граѓаните.

    На седницата на Централниот одбор на ЛДП бил разгледан Извештајот за подготовките, настапот и резултатите на партијата за претседателските и за парламентарните избори 2024 година доставен од страна на Централниот изборен штаб. Извештајот бил усвоен, а биле детектирани и укажано на слабостите кои се појавиле во текот на кампањата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира