ЉУБЕ БОШКОСКИ И ОБВИНЕТИТЕ ОД МВР ВО „РОВЕР“ ОСЛОБОДЕНИ, ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ЗА УБИСТВОТО НА ТУШЕВСКИ И ЈАНЕВ

    ЉУБЕ БОШКОСКИ И ОБВИНЕТИТЕ ОД МВР ВО „РОВЕР“ ОСЛОБОДЕНИ, ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ЗА УБИСТВОТО НА ТУШЕВСКИ И ЈАНЕВПоранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски претходно беше осуден на 12 години затвор во случајот „Ровер“. - Бошкоски пред Кривичниот суд (архивска фотографија)

    Кривичниот суд денеска донесе ослободителна пресуда за лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, кој беше обвинет за помагање убиство во случајот „Ровер“ како тогашен министер за внатрешни работи.

    Ослободителна пресуда за двојното убиство на Марјан Тушевски и Киро Јанев кое што се случи во скопски Капиштец пред 18 години, добија и обвинетите од МВР: Горан Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ, Гоце Митревски, Никола Негриевски и Вук Вукичевиќ. Пензионираниот началник Негриевски се расплака во судницата по изрекувањето на пресуда. Шестмината се товареа дека имале информации за убиството, но не презеле ништо.

    Обвинетите за извршување на убиството, тројцата српски државјани Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ, како и веќе починатиот Предраг Чубрило добија доживотни затворски казни. Ова е трета пресуда за предметот откако во претходните два случаи Апелациониот суд го враќаше предметот на повторно судење.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира