МАЈА Ѝ ЧЕСТИТАЛА НА ЖЕНА МУ НА АЛИЈЕВ ДЕКА ЈА СТАВИЛ ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА АЗЕРБЕЈЏАН

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Баку,(Азертак)

    МАЈА Ѝ ЧЕСТИТАЛА НА ЖЕНА МУ НА АЛИЈЕВ ДЕКА ЈА СТАВИЛ ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА АЗЕРБЕЈЏАНИвановајапофалилаженамунаАлијевзатоаштодосегагонаправилаиѝпосакалауспесивонејзинитеиднипотфати-прватапотпретседателканаАзербејџанМехрибанАлиеваипрватадаманаМакедонијаМајаИванова(Фото:Азертак)

    Сопругата на претседателот Ѓорѓе Иванов Маја Иванова ѝ честитала на сопругата на азербејџанскиот претседател Илхан Алијев, Мехрибан за нејзиното поставување за потпретседател на Азербејџан, јави азербејџанската агенција Азертак.

    Претседателот на Азербејџан Илхан Алијев минатиот месец си ја назначи сопругата за потпретседател на државата – позиција воведена по уставниот референдум во септември минатата година.

    Според соопштението од кабинетот на потпретседателката, Иванова ја пофалила жена му на Алиев за тоа што до сега го направила и ѝ посакала успеси во нејзините идни потфати.

    Маја и Мехрибан се сретнале во Баку за време на Глобалниот самит на кој присуствува Ѓорге Иванов. Иванов трета година по ред оди на аербејџанскиот самит.

    Владата на Алиев се соочува со критики од Западот за наводни кршења на човекови права.

    Критичарите на Алијев гледаат на септемврискиот референдум, со кој беше продолжен претседателскиот мандат од пет на седум години, како зацврстување на неговата династија.

    Алијев го наследи татка си на претседателската функција во 2003 година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира