МАКЕДОНСКО КРЕДИТНО БИРО И АУЕ-ФОН ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

    МАКЕДОНСКО КРЕДИТНО БИРО И АУЕ-ФОН ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКАЦелта на оваа соработка е да се обезбеди трансфер на знаење и искуство помеѓу академскaта заедница и бизнис секторот

    Македонско кредитно биро (МКБ) и Американскиот универзитет на Европа ФОН потпишаа меморандум за соработка насочена кон унапредување на знаењето, образованието и практичната примена на вештини меѓу студентите. Меморандумот го потпишаа директорот на МКБ Тони Трајанов, ректорот на АУЕ-ФОН, проф. д-р Саво Ашталкоски и директорката Сезен Цаноска.

    Соработката опфаќа широк спектар на активности: спроведување на заеднички научни и стручни истражувања, организирање на конференции, семинари, курсеви и други образовни настани, вклучување на експерти и гостински предавања од МКБ на АУЕ-ФОН, стекнување на практични вештини од страна на студентите преку клиничка настава и обуки во реална работна средина и заедничко учество на кариерни саеми и други настани насочени кон развој на човечки капитал.

    Целта на оваа соработка е да се обезбеди трансфер на знаење и искуство помеѓу академскaта заедница и бизнис секторот, со фокус на создавање кадар подготвен да одговори на современите предизвици и потреби на пазарот на труд. Иницијативата има за цел и да ја зајакне врската помеѓу образованието и практиката, во насока на креирање реални можности за младите и идните професионалци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира