МИКРОБИОЛОГИЈА НЕМА РЕАГЕНСИ ЗА ХПВ И ХЕЛИКОБАКТЕРИЈА

    МИКРОБИОЛОГИЈА НЕМА РЕАГЕНСИ ЗА ХПВ И ХЕЛИКОБАКТЕРИЈАИнститутите при Медицинскиот факултет со години имаат проблм да обезбедат реагенси за дијагностика.- Институт за Микробиологија (Фото:СДК.МК)

    Лабораторијата на Институтот за микробиологија повторно остана без дел од потребните реагенси за работа. На огласната табла во лабораторијата стојат известувања до пациентите дека нема реагенси за испитување на инфекција со ХПВ, нема реагенси за испитување на хеликобактер пилори во крв, а нема и реагенси за ревматоиден фактор во серум. Скоро постојано во оваа лабораторија недостига некој реагенс. Лани и преклани со месеци немаше реагенси за кламидија и за ХПВ, а во исто време и во останатите лаборатории во јавно здравство недостигаа реагенси за разни други испитувања.

    Соња Топузовска, декан на Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, вели дека не може да каже зошто нема од конкретните реагенси на Институтот за микробиологија, но додава дека сите 13 институти кои се под управа на факултетот со години имаат проблем со обезбедување доволно реагенси и поради ограничените буџети и поради сложената процедура на јавни набавки.

    „Од 13 институти девет работат со пациенти во јавното здравство и обезбедувањето на реагенси е многу тешко, пред сè поради сложената процедура за јавни набавки и поради Советот за јавни набавки кој повеќе пати ни ги враќаше тендерите. Една ставка да не е правилно направена целиот тендер паѓа. Во исто време се прават набавките за реагенси за сите институти и тоа со години е проблем. Друг фактор поради кој нема реагенси се и ограничените буџети што ги добиваме од Фондот за здравствено осигурување и кога тие ќе се надминат, веројатно дел од здравствените установи рационализираат, вели Топузовка.

    Таа кажа дека досега буџетот на Медицински факултет е надминат за 15 милиони денари и дека такво работење нема да дозволат следната година.

    „На состанокот во Фондот јасно им кажавме дека не може веќе да даваме услуги, а тоа да не е покриено финансиски. Иако повеќето од институтите досега излегуваа во пресрет на пациентите, бидејќи тие не се виновни за оваа состојба“, вели Топузовска.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира