СИСТЕМСКА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ПРАВИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ СО ТОА ШТО НЕ ОБЕЗБЕДУВА УЧЕБНИЦИ, ВЕЛИ БЕНДЕВСКА ОД АНТИДИСКРИМИНАЦИСКАТА КОМИСИЈА

    СИСТЕМСКА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ПРАВИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ СО ТОА ШТО НЕ ОБЕЗБЕДУВА УЧЕБНИЦИ, ВЕЛИ БЕНДЕВСКА ОД АНТИДИСКРИМИНАЦИСКАТА КОМИСИЈАОд 126 учебници потребни за сите задолжителни и изборни предмети во деветгодишното основно образование, на почетокот на учебната година Министерството за образование и наука не обезбедило 43. - Весна Бендевска (Фото: К. Попов)

    Учебници по сите наставни предмети и на сите наставни јазици оваа учебна година ќе имаат само учениците во прво и второ одделение, кажа денеска претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Весна Бендевска. Учебници немаше и минатата учебна година, но оваа учебна година е уште полошо, додаде Бендевска.

    Од 126 учебници потребни за сите задолжителни и изборни предмети во деветгодишното основно образование, на почетокот на учебната година Министерството за образование и наука не обезбедило 43, односно недостигаат 34 отсто учебници.

    „Со ваков недостиг на учебници, констатираната дискриминација не само што не е отстранета за оваа учебна година, туку е од многу поголеми размери од оние што Комисијата ги утврди на крајот на јуни 2023 година“, рече Бендевска на денешната прес-конференција.

    Бендевска вели дека станува збор за дискриминација на учениците и можно е да поднесат судска тужба за системска и продолжена дискриминација на учениците, што би било прв случај Антидискриминациската комисија да побара судска заштита како највисока заштита од дискриминација.

    „Кога една препорака не е спроведена, Комисијата има обврска да покрене прекршочна пријава против утврдениот дискриминатор. Но, во овој случај станува збор за дискриминација на многу голема популација. Голем број ученици кои учат на различни јазици во основното образование остануваат без учебникот како основно средство за стекнување знаења и образување. Таквата форма на дискриминација, според законот, е структурна, системска, што ја прават институциите. Во таков случај Комисијата, согласно законот, има право да поведе пред суд тужба од јавен интерес против државните институции кои не ја отстраниле дискриминацијата“, кажа Бендевска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира