НА 0800-25-555 ПРИЈАВИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО САНИТАРНИОТ И ЗДРАВСТВЕН ИНСПЕКТОРАТ

    НА 0800-25-555 ПРИЈАВИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО САНИТАРНИОТ И ЗДРАВСТВЕН ИНСПЕКТОРАТНа бесплатниот број, меѓу другото може да се пријавуваат и сомневања за безбедноста на детски играчки, средства за одржување на чистота, козметички производи, како и сомневања за санитарно-хигиенски проблеми во институции и јавни објекти, како и во јавниот превоз и во угостителските објекти (Фото: Мета)

    Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) отвори бесплатна телефонска линија 0800-25-555, на која во текот на вообичаеното работно време може да се пријават најразлични неправилности во сферата на надлежности на инспекторатот.

    Тоа се однесува на опасност од заразни болести во објекти кои подлежат на надзор од ДСЗИ, потоа проблеми во објектите за производство и промет на храна. Може да се пријавуваат и сомневања за безбедноста на детски играчки, средства за одржување на чистота, козметички производи, како и сомневања за санитарно-хигиенски проблеми во институции и јавни објекти, како и во јавниот превоз и во угостителските објекти.

    Покрај тоа, на бројот 0800-25-555 може да се пријават проблеми со остварувањето на правата од здравствената заштита, остварувањето на правата од здравственото осигурување, примената на прописите од областа на здравството, како и остварување на правата на пациентите и начинот на постапување со медицинскиот отпад во здравствените установи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира