НА АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ И УШТЕ 11-МИНА ОБВИНЕТИ ВО „МОЌНИК“ ИМ Е ТРГНАТО ДЕЛОТО „ЗЛОУПОТРЕБА“, СО „ИЗМАМА“ ОСТАНА САМО ТОЈ, ТАТКО МУ И УШТЕ ЕДЕН ОБВИНЕТ

    НА АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ И УШТЕ 11-МИНА ОБВИНЕТИ ВО „МОЌНИК“ ИМ Е ТРГНАТО ДЕЛОТО „ЗЛОУПОТРЕБА“, СО „ИЗМАМА“ ОСТАНА САМО ТОЈ, ТАТКО МУ И УШТЕ ЕДЕН ОБВИНЕТСудењето за „Моќник“ е при крај, делото „Измама“ за кое се обвинети преостанатите тројца обвинети меѓу кои е и Милошоски, не застарува брзо. (Фото: СДК.МК)

    Од вкупно 12 обвинети во предметот на СЈО „Моќник“, каде се обвинети Антонијо Милошоски и татко му, за делото „Измама“ останаа само тие двајца плус уште еден обвинет. Имено, обвинителот денеска им го тргнал на сите обвинети кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластувањата“. Додатно дело „Измама“ имале само тројца од обвинетите и судењето продолжува за нив. Останатите се слободни, поради застарување на злоупотребата, по измените на Кривичниот законик што Собранието ги донесе по скратена постапка.

    Ја информираме јавноста дека на денешната расправа за предметот со КОК бр. 2616/20 од познат како ‘Моќник’, надлежниот Јавен обвинител кај 10 од обвинетите изврши преквалификација на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.2 вв со ст.1 вв со чл. 22 од КЗ во чл. 353 ст.1 од КЗ и согласно одредбите од чл. 107 и чл. 108 од КЗ побара примена на поблагиот закон. Судот, постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител и согласно одредбите од КЗ донесе решенија со кои за обвинетите постапката се запира заради застареност, додека за тројца од обвинетите – М.М., М.В. и А.М. судењето за кривичното дело Измама од чл. 247 ст.4 вв ст.1 вв со чл. 22 од КЗ продолжува на следната расправа срочена за 09.11. и 28.11. 2023 година во 10:00 часот“, соопшти денеска Кривичниот суд.

    Судењето за „Моќник“ е при крај во првиот степен, има да се испитаат уште сведок-два.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира