Над 2.500 учесници продефилираа низ центарот на Скопје на велосипеди, ролерки, скироли, тротинети, а имаше и родители со колички за бебиња, на вчерашната ревијална трка „Вози право, вози здраво 2“ за промоција на чист транспорт, во организација на „Стопанска банка АД – Скопје“.
По возењето по улиците ослободени од возила, целта на трката беше во Градски парк, каде учесниците ги забавуваа 5+ бендот, Даниел Кајмакоски и Пеперминт. Во обраќањето до присутните, Генералниот извршен директор на „Стопанска банка АД – Скопје“ и претседател на Управниот одбор, Диомидис Николетопулос порача дека „ ако сите ние се стремиме да возиме, трчаме, па дури и едноставно да пешачиме наместо да возиме автомобили, ќе имаме долгорочни животни придобивки“.
„Стопанска банка АД – Скопје“ како завршеток на „Вози право, вози здраво“ ќе донира за жителите на Град Скопје урбана опрема која во фокусот ќе ги има овие чисти форми на транспорт и заштита на животната средина.