НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ НИ Е ПОТТИК ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ПОРАКА ДЕКА ПРАВДАТА Е МОЖНА, РЕКОА ГЕРМАН ФИЛКОВ И ЛИЛА МИЛИЌ

    НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ НИ Е ПОТТИК ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ПОРАКА ДЕКА ПРАВДАТА Е МОЖНА, РЕКОА ГЕРМАН ФИЛКОВ И ЛИЛА МИЛИЌСлавчо Димитров ја прими наградата поради отсуство на Милиќ. - Со Герман Филков на доделувањето во Собранието. (Фото: К. Попов)

    Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) во Скопје и активистката и трансродова жена Лила Милиќ денеска ја добија државата награда „Мето Јовановски“ за 2024, која е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

    Претседателот на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Герман Филков рече дека оваа награда претставува поттик за натамошна транспарентост и уште полесен пристап на граѓаните до информациите, кои им овозможуваат да учествуваат во создавањето политики, во носењето одлуки, од кои натаму зависи квалитетот на животот, за добивање квалитетни јавни услуги, за начинот на трошење на нивните пари, за барање на одговорност и отчетност од институциите.

    „Зборувајќи за Центар за граѓански комуникации (ЦГК) сакам да истакнам дека оваа награда има неколкукратнио значење секако за нас, но тоа што е поважно, за цело општество. Најмногу затоа што се афирмира правото на пристап до информации, едно од основните човекови права пруизнаено во меѓународните повелби, декларации и документи и секако во нашиот Устав. Право, кое е предуслов и овозможува понатаму оставрување и на многу други човекови права“ рече Филков.

    Во отсуство на Лила Милиќ, денеска подносителот на иницијативата Славчо Димитров, ја прими наградата во нејзино име. Тој, читајќи го нејзиното обраќање, подвлече дека за првпат во државата трансродово лице добива вакво високо признание. Оваа награда, како што рече, е порака дека правдата, еднаквоста и инклузивноста се можни.

    „Оваа награда ‘Мето Јовановски’ не е само потврда за мојата посветеност, туку и за храброста и истрајноста на целата трансродова заедница. Како трансродова личност и активистка со 16-годишно искуство, а последните девет години со посветеност на правата на трансродовите лица, оваа борба не ја гледам само како колективна. Таа е и моја лична борба. Ми претставува гордост што можев да придонесам кон создавање простор за дијалог, видливост и поддршка, бидејќи верувам дека секоја приказна носи промена“, се вели во пораката на Милиќ.

    Наградата се доделува секоја година на 10 декември, по повод Меѓународниот ден на човековите права.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира