30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА НАЧАЛНИКОТ НА УБК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА НАЧАЛНИКОТ НА УБК

    Началникот на УБК, Горан Грујоски добил притвор во траење од 30 дена, потврди доцна вечерва Кривичниот суд. Тој е првоосомничениот во предметот „Тврдина“ за кој денеска информираше Специјалното јавно обвинителство.

    „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор за осомничениот Г.Г., поднесен во судот во текот на вчерашниот ден, по денешното сослушување на осомничениот кој самиот се јави во судот, а во присуство на негов бранител и обвинител од наведеното обвинителство, донесе одлука со која го прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка 30 дневен притвор“, стои во соопштението на судот.

    Специјалното јавно обвинителство го сомничи началникот во УБК и уште четворица службеници на МВР, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска дека минатата година уништиле системи за  прислушување и предизвикале штета од 10 милиони евра. За останатите осомничени СЈО не побара притвор, туку одземање на пасошите како превентивна мерка.

    Вчера судија на претходна постапка не го одобри барањето на СЈО и не издаде налог за претрес на домот на Грујовски.

    Судот во образложението на одлуката наведе дека во барањето на СЈО не бил даден прецизен опис на предметите кои треба да бидат одземени и ја оспори надлежноста на специјалното обвинителство за овој случај.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира