ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВЛЕЗЕ ВО ТВ21 ЗА ДА БРИШЕ СНИМКИ ОД МОБИЛЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:25:"Скопје,17јуни

    ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВЛЕЗЕ ВО ТВ21 ЗА ДА БРИШЕ СНИМКИ ОД МОБИЛЕН

    Обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски попладнево упаднало во „ТВ21“ и побарало новинар на телевизијата да ги избрише фотографиите од претседателот на владејачката партија направени додека тој се шетал низ улица Македонија, јавi телевизијата 21, објави агенцијата Мета.

    Како што се наведува во написот на „ТВ21“, новинарот го забележал поранешниот премиер како се шета и се обидел да го сними со мобилен телефон. Обезбедувањето на премиерот веднаш интервенирало и без дозвола упаднало во дворот на телевизијата. Тие го зеле телефонот на новинарот и ги избришале фотографиите. Целиот случај е регистриран од безбедносните камери на телевизијата.Член на обезбедувањето покажал легитимација дека е вработен во МВР, а потоа побарал новинарска легитимација од новинарот.

    Телевизијата ја повика ВМРО-ДПМНЕ и Министерството за внатрешни работи да се огласат за инцидентот, наведувајќи дека поранешниот премиер е јавно лице и оти јавноста има право да знае што тој прави и како се однесува.

    Новинарите на телевизијата 21 инцидентот го пријавиле во МВР, и ги известиле ОБСЕ, Здружението на новинари и сите странски амбасади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира