Претставниците на четирите партии не постигнаа договор и по цел ден преговарање за предлозите за излез од политичката криза. Средбата заврши околу 01:30 часот.
„За многу прашања е постигната согласност, но остана само отворено едно прашање за кое не се најде решение. За жал, страните во преговорите вечерва не беа во можност да постигнат договор вечерва. И се надевам дека ќе продолжиме што е можно побргу“, рече евроамбасадорот во Македонија Аиво Орав, после завршување на средбата.
Орав не одговори околу кое прашање партиите не постигнале согласност, а и не кажа за кои прашања се договориле партиите потписници на договорот од Пржино.
Претставниците на политичките партии на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, Радмила Шеќеринска, Никола Тодоров, Артан Груби и Имер Алиу, по маратонската средба заминаа од резиденцијата на евроамбасадорот Аиво Орав без да дадат изјави за медиумите.