ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА МЛАДИНСКАТА ОЛИМПИЈАДА НЕ БЕШЕ КАТАСТРОФАЛНА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ РИСТОВСКИ

    ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА МЛАДИНСКАТА ОЛИМПИЈАДА НЕ БЕШЕ КАТАСТРОФАЛНА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ РИСТОВСКИРистовски побарал од Европскиот Олимписки комитет да се откаже Олимпијадата бидејќи државата нема доволно капацитети да ја организира.(Фото: Фејсбук)

    Организацијата на Младинската Олимпијада не беше на катастрофално ниво, вели министерот за спорт Борко Ристовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

    „Организацијата во одреден момент затаи, меѓутоа не беше на ниво катастрофално како што тоа сака да го прикажат поединци или опозицијата. И ете кога ќе угостите преку 4.000 дечиња, нормално е да има некои недостатоци. Не постои држава на светот или Олимписки комитет на светот или град на светот што може да го организира без недостатоци и тоа е во ред. Улогата на министерството беше чисто логистичка, вели Ристовски.

    Тој вели дека побарал од Европскиот Олимписки комитет да се откаже Олимпијадата бидејќи државата нема доволно капацитети да ја организира.

    „Во март или април имав разговор со претседателот на Европскиот Олимписки комитет во насока да укажеме дека како држава ги немаме тие спортски комплекси кои Олимпискиот комитет и градот Скопје си го преземале како обврска со потпишување на договор за организирање на еден вака голем и масовен настан. Ние предложивме или да се откаже Олимпијадата или таа да се редуцира на 1.000 учесници за коишто можеме како држава да дадеме гаранции. Бевме одбиени од причина што веќе било премногу касно за да се откаже, што е и до некаде разбирливо, меѓутоа имаше обид и кажавме ние дека дека ние немаме капацитет за да за да организираме вака еден масовен настан“, вели Ристовски.

    Ристовски вели дека за ваков голем спортски настан мора да се работи на организација барем минимум две до три години, за да се создадат услови за беспрекорно одвивање на Олимпијада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира