ПАНЧЕВСКИ КАЖА НЕМАЛ ВРЕМЕ ДА СПРЕМИ ОДБРАНА, А НЕ ГО РАЗБИРА НИ ОБВИНЕНИЕТО, ПА СУДОТ МУ ГО РАСКАЖА

    ПАНЧЕВСКИ КАЖА НЕМАЛ ВРЕМЕ ДА СПРЕМИ ОДБРАНА, А НЕ ГО РАЗБИРА НИ ОБВИНЕНИЕТО, ПА СУДОТ МУ ГО РАСКАЖАСе чека воведниот збор на обвинетиот експретседател на Основниот кривичен суд Владимир Панчевски. (Фото: СДК.МК)

    Судењето на обвинетиот експретседател на Основниот кривичен суд Скопје Владимир Панчевски продолжи во Велешкиот основен суд со објаснување од страна на судијката Валентина Ѓоргиевска на кривичното дело за кое е обвинет.

    Ова се случи откако обвинетиот Панчевски кажа дека не може да ја подготви одбраната. На претходното прво рочиште, по едногодишната потрага на судскиот курир по него, тој кажа дека не го разбрал обвинението.

    „Доказите ги видов во петокот кога увидот траеше до 17 часот. Преку викенд не се видов со бранителите. И затоа не сум во можност да ја подготвам одбраната рече Панчевски.

    По ова судијката Ѓорѓиевска накратко му го образложи обвинителниот предлог.

    Обвинителката Цветанка Богоевска на минатото рочиште во петокот, во воведен збор рече дека обвинетиот како службено лице – претседател на Основен суд Скопје 1, извршил повеќе дејствија на кривичното дело, со пречекорување на границите на службено овластување.

    „Обвинетиот потешко ги повредил правата на друг за еднаков пристап“, рече Богоевска.

    Таа наброи 40-тина предмети најмногу од Обвинителството за организиран криминал, во периодот 2013-та -2014-та, кои по барање на Панчевски биле распределувани кај судиите Ивица Стефановски, Дијана Грујовска, Огнен Ставрев, Павлина Христова, Горан Бошевски и други, кои свесно си ги зеле и терале предметите дадени на рака од претседателот.
    Два предмета, пак, поврзани со нелегално прислушуваните разговори и со СЈО, по барање на Панчевски биле доделени на судијките Лидија Петровска и Татјана Михајлова.

    Се чека воведниот збор на обвинетиот Панчевски.

    Токму поради повреда на правата на еднаков пристап во постапката, минатиот месец Љубе Бошкоски, кој беше осуден и одлежа 5 години во затвор за случајот „Кампања“ во времето на Панчевски, доби пред Европскиот суд за човекови слободи и права во Стразбур. Сега државата ќе треба да му плаќа отштета, а одговорност за судии поради вакви случаи, не е предвидена во Кривичниот законик, ниту во Законите за судови и за Судски совет барем да бидат разрешени.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира