ПАНЧЕВСКИ ЗА ИНАЕТ НА НЕДЕЛКОВА СЕ ПАРКИРА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПАРКИНГ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАНЧЕВСКИ ЗА ИНАЕТ НА НЕДЕЛКОВА СЕ ПАРКИРА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПАРКИНГ

    Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски со приватното возило БМВ Х5, денеска се паркирал на паркингот резервиран само за службеното возило на претседателот на судот. Панчевски не е претседател од 4 декември лани. Сега е само судија.

    Во редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК попладнево судии од Основниот суд Скопје 1 испратија фотографија од паркираното БМВ на поранешниот претседател, токму на забранетото место. Таму го нема службеното возило на судот. На тоа место, со одлука на експретседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, ниеден судија, ниту кој било вработен од Кривичниот суд, не смее да паркира.

    Судиите прашуваат зошто колегата Панчевски е привилегиран да го паркира џипот на резервираниот паркинг за претседателот на судот, која тој веќе не е претседател? Велат дека од утре и тие ќе си се паркираат на местото.

    Го прашавме Основниот суд Скопје 1 раководен од в.д. претседателката Татјана Михајловска дали судијата Панчевски смеел да се паркира на претседателското место со приватниот автомобил и дали тоа значи дека отсега, паркингот ќе биде дозволен и за останатите судии. Оттаму ни одговорија дека Панчевски имал таква специјална картичка со која на рампата на паркингот му било дозволено да влезе. А бидејќи неговите колеги судии, немаат таква специјална картичка, немаат право да влегуваат на паркингот.

    “Сите судии и службеници кои поседуваат картичка за отворање на рампата или таков пристап им е овозможен од овластените кои ја контролираат рампата за пристап до судскиот комплекс, може да го користат паркингот. Низ истата рампа и низ истиот паркинг се поминува за да се влезе и во гаражата на Врховниот суд, каде се паркираат други лица“, објаснува Кривичниот суд раководен од Татјана Михајловска.

    Во одговорот стои и дека Судот би требало да спроведе истрага кој и зошто фотографира возила на судии.

    “Што се однесува до фотографијата која ја спомнувате, а која не ни ја доставивте, ако е фотографија од приватно возило на судија како што наведувате сликано на паркингот на судот, не гледаме ништо спорно, но секако треба да ни ја доставите фотографијата за да се пријави во полиција и да се идентификува дали возилото е на судијата Панчевски или на друг судија или вработен во судот, па доколку е, да се утврди кој и зошто фотографира возила на судии и вработени во судот“, се наведува во дописот до САКАМДАКАЖАМ.МК.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира