ПЕТМИНА СКОПЈАНИ КОЛАБИРАЛЕ ОД ГОРЕШТИНИТЕ, ВЕЛАТ ОД БРЗАТА ПОМОШ

    ПЕТМИНА СКОПЈАНИ КОЛАБИРАЛЕ ОД ГОРЕШТИНИТЕ, ВЕЛАТ ОД БРЗАТА ПОМОШБлаго заладување се очекува во четврток навечер - Скопје на 40 степени (Фото: Ѓ. Личовски)

    Петмина граѓани во Скопје денес колабирале од високите температури, а екипите на итната медицинска помош интервенирале и на повици за неколку мозочни удари.

    “Бројот на интервенции е вообичаен со оглед на високите температури. Главно се повици од хронично болни поради покачен крвен притисок или со срцеви заболувања“, велат од Итната медицинска помош.

    Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија денес измерила 40 целзиусови степени на Зајчев рид и 39 степени на Петровец. Синоптичарите од УХМР велат дека и утре времето ќе биде слично на денешното односно многу топло и очекуваат во Гевгелија и Демир Капија температурата да биде и над 40 степени.

    “Благо заладување се очекува во четврток навечер, а во петок и во текот на викендот исто така ќе се спуштаат температурите и најсвежо ќе биде во недела кога се очекуваат 32 степени“, велат од УХМР.

    Од Министерството за здравство предупредуваат дека и утре, како и денес целата земја е во жолта алертна фаза, односно граѓаните треба да ги почитуваат општите препораки за заштита од топлотни бранови. Да избегнуваат подолг престој на отворено во период од 11 до 17 часот, да пијат многу течности пред сè вода и да избегнуваат масна и калорична храна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира