Актерот Сефедеин Нуредини почина синоќа на 63 години по тешко боледување.
Роден во Куманово во 1953 година, Нуредини дипломираше на Академијата за драмски уметности во Скопје во 1977 година.
Првите чекори на сцената ги направи во средината на 70-те години од минатиот век во Албанскиот театар во Скопје, каде работеше сè до смртта. Долго време работеше и како професор на Факултетот за драмски уметности.
Глумеше во над 90 претстави и филмови, а последната улога му беше во претставата „Сите мои синови“ на Артур Милер, чија премиера беше кон крајот на октомври 2016 година.
Денеска се одржа комеморација во негова чест, а беше погребан на градските гробишта во Бутел.