Во петокот по кусо боледување почина д-р Јосиф Наумовски, истакнат интернист-кардиолог од Скопје, соопшти неговото семејство.
Погребот на д-р Наумовски ќе биде денеска (недела) во 12.30 часот на скопските гробишта Бутел.
Јоско, како што го викаа неговите пациенти важеше за одличен дијагностичар и омилен интернист.
Тој беше и еден од основоположниците на коњичкиот спорт во Македонија, хуманист и вљубеник во уметноста.