ПОЧИНА ПРВОБОРЕЦОТ И ГЕНЕРАЛ ПОЛКОВНИК ВО ПЕНЗИЈА ТОДОР АТАНАСОВСКИ

    ПОЧИНА ПРВОБОРЕЦОТ И ГЕНЕРАЛ ПОЛКОВНИК ВО ПЕНЗИЈА ТОДОР АТАНАСОВСКИТодор Атанасовски долги години беше претседател на Сојузот на борците на Македонија (Фото: МИА)

    Тодор Атанасовски, генерал полковник во пензија и носител на Партизанска споменица од 1941 година, почина во Скопје на 93-годишна возраст, објави Генералштабот на АРМ.

    Роден во Кавадарци во 1925 година, тој од рана младост се приклучил на работничкото движење и бил учесник во Народно-ослободителната борба од првите денови, за подоцна да стане и раководител на партизански борбени единици.

    По ослободувањето, завршил Виша воена академија и бил началник на Штабот на Народната одбрана на Македонија и командант на Републичкиот штаб на Територијалната одбрана.

    По пензионирањето од воената служба во 1985 година, Атанасовски беше претседател на Сојузот на борците на Македонија.

    Генерал Атанасовски ќе биде погребан денеска на пладне на градските гробишта во Бутел, со високи воени почести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира