ПОРАДИ СОМНЕЖИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ, НЕМА ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА ВО АПТЕКИТЕ

Од Фондот за здравство ги игнорираа барањата за официјален одговор за можен проблем, иако им предочивме дека од укажувачи имаме информации дека при внатрешна контрола се откриени неправилности при одобрување за користење ортопедски помагала

    ПОРАДИ СОМНЕЖИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ, НЕМА ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА ВО АПТЕКИТЕ

    Фондот за здравствено осигурување на 31 октомври ги раскинал договорите со шест ортопедски куќи, бидејќи утврдил злоупотреби во работењето. Фондот веќе склучил договори со нови дистрибутери, за да обезбеди редовно снабдување на осигурениците со помагала, но во моментов на теренот има големи проблеми. Пациентите не можат да ги најдат помагалата што бесплатно им ги обезбедуваше државата, а во аптеките нема обучен кадар за земање ортопедски мерки.
    Повеќе од еден месец САКАМДАКАЖАМ.МК се обидува да добие официјална информација за да ја потврди инсајдерската информација дека Фондот за здравство утврдил големи измами и неправилности кај дел од досегашните дистрибутери на oртопедска опрема и помагала. Од Фондот ги игнорираа нашите барања за официјален одговор иако им предочивме дека од укажувачи, односно „свиркачи“ имаме информации дека при внатрешна контрола се откриени неправилности при одобрување за користење ортопедски помагала.
    Нашите информатори тврдат дека на име на ист пациент повеќе пати биле одобрувани користење на ортопедско помагало. Тоа било повод за голема истрага во Фондот за здравствено осигурување. Нема информација колкава е евентуалната штета на Буџетот на Македонија.
    sasho-stefkoski

    Повеќе од еден месец САКАМДАКАЖАМ.МК се обидува да добие официјална информација за да ја потврди инсајдерската информација дека Фондот за здравство утврдил големи измами и неправилности кај дел од досегашните дистрибутери на oртопедска опрема и помагала,- директорот на ФЗОМ Сашо Стевковски со кој родителите на децата со посебни потреби треба да се сретнат до крајот на неделава

    Најзасегнати се родителите на деца со посебни потреби. Тие се изненадени што веќе не можат да ги набават потребните ортопедски помагала на сметка на државата во дел од досегашните специјализирани продавници. Од први ноември за пелени, ортопедски кондури, протези и други помагала се препраќаат во аптеки со кои Фондот за здравство имал склучено договори.
    Анче Николовска Туфекчиева од Здружението Вера од Струмица, мајка на дете со Даунов синдром, вели дека граѓаните кои се најмногу засегнати воопшто не биле информирани, а во аптеките ги немало сите ортопедски помагала ниту пак обучен кадар за таа работа.
    “Ми кажаа, дека пелени за деца може да се земат единствено во две аптеки овде во Струмица. Но, тие имаа пелени само за возрасни. Во други градови, наводно, наплаќале по 186 денари, иако за лица со посебни потреби до 26 години се бесплатни. Кај нас реагираа и родители кои требало да земат ортопедски помагала, но во аптеките или ги немало, или немало кој да им земе мерка. Згора на сѐ, во овие аптеки постојано има гужва, а треба на дете со посебни потреби мерка да му се зема за ортопедско помагало“, вели Анче Николова – Туфекчиева од здружението “Вера“.
    Здружението на родители на деца со посебни потреби „Вера“ од Струмица ја алармираше јабноста за проблемот со ортопедските помагала - архивска фотографија од активностите на здружението (Фото: СДК.МК)

    Здружението на родители на деца со посебни потреби „Вера“ од Струмица ја алармираше јавноста за проблемот со ортопедските помагала – архивска фотографија од активностите на здружението за подигање на јавната свест(Фото: СДК.МК)

    Со проблемот се запознати и од Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби кои се најчести корисници на ортопедските помагала. Тврдат дека сега морале сите граѓани одредени помагала да ги купуваат приватно, а потоа да одат во Фондот за здравство за да им бидат рефундирани средствата.
    Од Фондот велат дека ќе ги враќаат парите на корисниците што морале сами да ги набавуваат помагалата и да ги плаќаат приватно.
    Соопштение стаса на 31 октомври кога Фондот извести дека имало јавен повик и дека се склучени договори со нови 91 правни субјекти, кои имаат 332 аптеки – продажни места, на територија на целата Република, за определени видови на ортопедски помагала.
    „Мораме да напоменеме дека на последниот јавен повик, не се обезбедија договори за дистрибуција на дел од индивидуални ортопедски помагала, на кои осигурениците имаат право согласно закон. За нив ќе овозможиме рефундација на средствата во рок од една недела“, изјавија од Фондот за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК
    Сепак, од таму не ни одговорија со кои ортопедски куќи заради утврдени неправилности е раскинат договорот и во кои аптеки сега може да се набават ортопедските помагала на товар на буџетот.
    Ова недела преставници на повеќе здруженија на лица со посебни потреби ќе имат средба со првиот човек на ФЗОМ Сашо Стефановски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира