ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПРЕДЛОЖИ ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ЗА ГУВЕРНЕР НА НАРОДНАТА БАНКА

    ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПРЕДЛОЖИ ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ЗА ГУВЕРНЕР НА НАРОДНАТА БАНКАСлавески е актуелен претседател на Советот на Град Скопје, е универзитетски професор на Економскиот факултет во Скопје и поранешен министер за финансии. (Фото: Град Скопје)

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка, сооштија од нејзиниот кабинет.

    „При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, стои во соопштението.

    Според Уставот, претседателот на државата го предлага гувернерот, а за негов  избор е потребен 61 пратеник во Собранието.

    Славески е актуелен претседател на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, универзитетски професор на Економскиот факултет во Скопје и поранешен министер за финансии.

    Mандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска истече вчера.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира