Министерството за образование и наука во изминатиот период затвори 14 „таканаречени“ приватни институти кои не ги исполнувале законските услови за работа. Министерката Весна Јаневска изјави дека при теренските проверки биле откриени случаи каде што овие институции служеле како параван за други дејности.
Јаневска сподели пример во кој комисијата од министерството при увид на еден институт нашла простории сместени во задниот дел на кладилница. Таму институтот требало да ја врши својата дејност со само двајца вработени, во просторија опремена со две столчиња и два душека, што довело до негово итно затворање.
„Ние водиме 34 високообразовни установи во земјата што е апсолутно недозволиво затоа што под називот приватен институт дефакто се обавуваат други функции, како што е примерот и со кладилницата“, изјави Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање на настан во Општина Илинден.
Таа додаде дека бројот на вакви установи во државата е преголем и дека министерството ќе продолжи да реагира онаму каде што се утврдуваат прекршувања на законот и несоодветни услови за образовна работа.



