Стотици граѓани денеска протестираа низ центарот на Скопје против опструкциите врз Специјалното јавно обвинителство и затворањето на Албанците по налог на актуелната власт, јавува МЕТА.
Протестот што го организираа Движењето за реформи во ДПА, Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети Албанци во Македонија, Организацијата на воени ветерани на ОНА и други граѓански организации, почна на Бит-пазар и заврши пред Собранието.
Протестната поворка ја предводеше лидерот на Движењето за реформи во ДПА и градоначалник на Струга, Зијадин Села, а демонстрантите, носејќи големо албанско знаме, за време на маршот извикуваа „Али предавник“, „Кој не излезе, не е Албанец“, „УЧК“.
Зијадин Села на граѓаните пред Собранието им рече дека тие се тука „за демократија, но не за бизнис-демократија“.
„Ние сме тука затоа што Македонија е и на Албанците. Протестираме против монтираните случаи за Албанците. Ја поддржуваме работата на Специјалното јавно обвинителство. Бараме одговорност од сите што им наштетија на оваа држава и на овој народ“, Села.