РАСПИШАНА МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ЗА РАИФ МИФТАРИ, ПОСРЕДНИКОТ ЗА ДОБИВАЊЕ МАКЕДОНСКИ ПАСОШИ ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ

    РАСПИШАНА МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ЗА РАИФ МИФТАРИ, ПОСРЕДНИКОТ ЗА ДОБИВАЊЕ МАКЕДОНСКИ ПАСОШИ ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИНа осомничениот Раиф Мифтари во отсуство му беше одредена мерка притвор, исто како и за шестмина од уапсените, додека на тројца им беа одземени пасошите. (Фото: МВР)

    Министерството за внатрешни работи ја објави меѓународната потерница по Раиф Мифтари (39) од Скопје, кој е осомничен дека е дел од групата која изработувала македонски пасоши за странски криминалци.

    На 6 април, беа уапсени деветмина полициски службеници, вработени во пасошкото одделение на МВР, кои продавале патни исправи со туѓ идентитет исклучиво на странски државјани и на криминалци барани со меѓународна потерница. Тогаш, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека избегал еден од осомничените, кој бил посредник. Нему, во отсуство му беше одредена мерка притвор, исто како и за шестмина од уапсените, додека на тројца им беа одземени пасошите.

    Групата изработила 215 македонски пасоши со туѓ идентитет, а од нив, 214 биле за странски државјани, а само еден за наш. Лицата на кои им се давани пасошите, се лица од висок ризик, т.е. сторители на криминал кои се барале со меѓународни потерници, кажа тогаш Спасовски.

    Во делот Потраги на официјалниот сајт на МВР, за Раиф Мифтари пишува:

    „Се бара со наредба број 5 КО.БР.1126/21 од 09.04.2021 година од ОЈО Скопје, за основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од КЗ на РСМ“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира