РЕПЛЕК ОТВОРИ ПРВ ЦЕНТАР ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ ОД МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС „КАНОИЛ“ И „КАНАБО“

    РЕПЛЕК ОТВОРИ ПРВ ЦЕНТАР ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ ОД МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС „КАНОИЛ“ И „КАНАБО“Центарот е прв од ваков вид во Македонија (Фото: Реплек)

    „Реплек“ отвори подружница – КА информативен центар, наменет за информирање за производите на компанијата на база на медицински канабис. Центарот е прв од ваков вид во Македонија и претставува уште еден пионерски чекор во сегментот на производи на база на канабис, кои компанијата прва ги воведе на домашниот пазар, уште во 2016 година.

    КА-информативниот центар е дел од задачата на „Реплек“ континуирано да воведува иновации во сите сегменти на своето работење, вклучително и во комуникацијата со потрошувачите и со сите заинтересирани страни, на кои ќе им овозможи прецизно да се информираат за сите аспекти поврзани со производите Каноил и Канабо на база на медицински канабис.

    Центарот е лоциран на улица „Свети Кирил и Методиј“, спроти трговскиот центар „Рамстор“ и ќе работи од понеделник до петок, од 9 до 17 часот.

    На отворањето на Центарот, заменик-генералниот директор и директор на маркетинг и продажба на „Реплек“ Коста Котески, рече дека отворањето на информативниот центар за производите од медицински канабис означува нова етапа во развојот на „Реплек“ како во односот со потрошувачите, така и со стручната јавност.

    „Кога во 2016 година инвестиравме во нов фармацевтски сегмент – развој на производи на база на медицински канабис, бевме пионер во регионот, меѓу првите кои го препознаа потенцијалот на оваа област, иако пазарот реагираше скептично. Нѐ водеше потребата на потрошувачите за квалитетна, контролирана и јасно дефинирана палета на производи. Денес, девет години подоцна, ова портфолио е еден од нашите најдинамични и најиновативни сегменти. Со ребрендирањето на нашите производи ‘Каноил’ маслата и ‘Канабо’ производите под слоганот ‚Биди во свој елемент. РЕ-поврзи се одвнатре и однадвор’, ние ја нагласуваме нашата визија за едукација и иновација, како и нашата мисија да го поддржиме секој потрошувач и секој кој сака да се информира со точни и проверени податоци. Тоа е наша одговорност и наш приоритет. Продолжуваме да се развиваме, да инвестираме и да поставуваме високи стандарди“, рече Котески.

    Директорот на оператива на „Реплек“, Марјан Велковски кажа дека „Реплек“ е предводник во овој сегмент, пред се поради квалитетот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира