РОБЕРТ ХАДСОН, ИВАН ДОДЕВСКИ, АНА МАРТИНОСКА И ЖАРКО ИВАНОВ ЈА ПРИМИЈА НАГРАДАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

    РОБЕРТ ХАДСОН, ИВАН ДОДЕВСКИ, АНА МАРТИНОСКА И ЖАРКО ИВАНОВ ЈА ПРИМИЈА НАГРАДАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“Наградите беа доделени денеска во Собранието (Фото: МИА)

    Денеска во Собранието беа доделени државните награди „Гоце Делчев“ за особено значајни достигнувања во областа на науката.

    Професорите Роберт Хадсон и Иван Додевски ја примија наградата за нивното дело „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“.

    Ана Мартиноска и Жарко Иванов се наградени за монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“. Во неа се собрани песните што етномузиколог и фолклорист Васил Хаџиманов ги снимал со касетофон на погребите на загинатите во земјотресот, а потоа нотно и текстуално ги запишувал. Овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.

    Наградата „Гоце Делчев“ се доделува од 1949 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира