САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА ЌЕ БИДЕ ВО ФОКУСОТ НА ДИГИТАЛНИОТ САМИТ ВО СКОПЈЕ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ АНДОНОВСКИ

    САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА ЌЕ БИДЕ ВО ФОКУСОТ НА ДИГИТАЛНИОТ САМИТ ВО СКОПЈЕ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ АНДОНОВСКИСамитот ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје и ќе има 800 учесници. (Фото: МДТ)

    Над 800 учесници од земјава и Европа на 1 и 2 октомври ќе бидат дел од Дигиталниот самит кој ќе се одржи во Скопје во Музејот на современа уметност. Како главни теми на самитот ќе бидат сајбер-безбедноста и дигиталните услуги, но на самитот ќе се говори и за вештачката интелигенција.

    Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека оваа година самитот е малку реорганизиран, со тоа што ако порано бил само за функционери и членови на владите, сега и граѓаните, бизнис секторот, универзитетите, ќе може да присуствуваат и да ги слушаат говорниците.

    „Главен интерес ќе ставиме на сајбер безбедноста, 3 панели ќе бидат посветени на неа, затоа што имаше голем интерес и од учесниците и од панелистите. Потоа, дигиталните услуги, ќе ја преставиме како што ветив македонската мобилна супер апликација, ќе разговараме за дигитален паричник, дигитален идентитет, интероперабилност, нови услуги, поврзување на институциите, иновации, вештачка интелигенција’’, вели Андоновски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира