ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СЕ ШИРИ И ПРОДОЛЖУВА И ВЕЧЕРВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СЕ ШИРИ И ПРОДОЛЖУВА И ВЕЧЕРВА

    Денеска во 18 часот пред СЈО продолжува протестот на граѓанската иницијатива Протестирам.

    Во 14 часот во Скопје ќе протестираат членовите на Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети Албанци во Македонија, од Организацијата на воени ветерани на ОНА, од граѓанското општество, од Движењето за реформи – ДПА и НДП (RDK). Организаторите во повикот на протест бараат владеење на правото, департизацијата на институциите и целосна еднаквост на Албанците и Македонците.

    Вчера на Широк сокак (аматерска фотографија)

    Вчера на Широк сокак (аматерска фотографија)

    Со боја врз Владата и оро пред Собранието на Република Македонија вчера завршија двата протести во Скопје, едниот организиран од Протестирам, а другиот од провладината невладина организација Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).

    Протестот на провладиниот ГДОМ (аматерска фотографија)

    Протестот на провладиниот ГДОМ (аматерска фотографија)

    Антивладини протести се одржаа и во Прилеп, Куманово, Штип, Кавадарци и во Битола.

    Вчера беше откажана лидерската средба со челниците на четирите најголеми партии во Македонија што денеска требаше да сеодржи во Виена, откако лидерот на ДСМ Зоран Заев го услови присуството со оставка на претседателот Ѓорге Иванов, повлекување на аболицијата и одложување на изборите. Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, и европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл вчера изразија жалење за откажувањето на лидерската средба и истакнаа дека  средбата имаше цел да ѝ помогне на земјата да најде начин да го имплементира Договорот од Пржино, со учество на потписниците на Договорот.

    Постојаните проблеми со владеењето на правото во Скопје, кои го поткопуваат овој договор, мора да се решат без понатамошно одложување. Ова особено се однесува на неодамнешното помилување од претседателот и за чекорите кои се итно неопходни за подготовка на веродостојни избори, кои би можеле да бидат признаени од меѓународната заедница“, стои во заедничката изјава на еврокомесарот и на европратениците.

    Од барикадите низ центарот на Скопје (Фото:СДК.МК)

    Од барикадите низ центарот на Скопје (Фото:СДК.МК)

    Тие ги поддржаа граѓанските организации и протестите, а ги повикаа политичките партии да ги преземат следните чекори занадминувањето на политичката криза.

    „Во недостаток на натамошен напредок, сега сме принудени да размислуваме за натамошни чекори за исполнување на барањата кои беа поставени од Советот на ЕУ, Европската Комисија и Европскиот парламент“, се вели во изјавата.

    Според Ројтерс, анонимни извори во Европската комисија во Брисел тврдат дека сериозно се размислува за воведување санкции против водечки македонски политичари, и постапката која ќе предвидува серија мерки против поединци, но и кон државата наскоро ќе влезе во процедура преку ЕК. Тоа е следниот чекор откако претседателот Ѓорге Иванов прогласи амнестија и се откажалидерската средба во Виена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира