СИСТЕМИТЕ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ НЕ МОЖЕА ДА СЛЕДАТ НИ МЕЈЛОВИ, НИ ВИБЕР, НИ ВАТСАП, ГО ПРАВДА ЈАНКУЛОСКА ВО ЗАВРШЕН ЗБОР УНИШТУВАЊЕТО НА ОПРЕМАТА КОЈА ИЗВАДИ НАД МИЛИОН ПРИСЛУШУВАНИ РАЗГОВОРИ

    СИСТЕМИТЕ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ НЕ МОЖЕА ДА СЛЕДАТ НИ МЕЈЛОВИ, НИ ВИБЕР, НИ ВАТСАП, ГО ПРАВДА ЈАНКУЛОСКА ВО ЗАВРШЕН ЗБОР УНИШТУВАЊЕТО НА ОПРЕМАТА КОЈА ИЗВАДИ НАД МИЛИОН ПРИСЛУШУВАНИ РАЗГОВОРИВо обвинението стои дека со ништењето на опремата МВР, односно државата се оштетени за 1,5 милион евра. (Фото: МИА/принтскрин)

    Прва од обвинетите за масовното незаконско прислушување на стотици граѓани од 2008 до 2015 година застана денеска да даде завршни зборови во Основниот кривичен суд Скопје Гордана Јанкулоска. Ексминистерката за внатрешни работи е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувањата, т.е. за помагање на обвинетите Горан Грујевски и Тони Јакимовски да ги уништат системите за прислушување, за да ги уништат доказите за ова масовно крпење на човековите права и слободи.

    Јанкулоска кажа дека првин треба да се докаже дека со ништењето е сторена злоупотреба, па потоа таа да биде обвинета за помагање. А според неа, нема такво нешто бидејќи системите за прислушување „веринт“ и „најс трак“, за кои таа ставила потпис да се уништат, имале вредност 1 денар.

    За ова, во претходните судења обвинителите во „Тврдина-Таргет” Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов укажаа дека проценката на 1 денар направена е во 2015 година, за 2013 година всушност дека вредела 1 денар.

    Во обвинението стои дека со ништењето на опремата МВР, односно државата се оштетени за 1,5 милион евра.

    Јанкулоска во завршен збор го нападна вештото лице на обвинителството кое ја одредило употребната вредност на опремата, како по однос на несоодветното образование и непознавање на безбедносната проблематика, така и за субјективност при проценката на штета од уништувањето на опремата за прислушување. Суштината на нејзината одбрана е: нема штета – нема кривично дело – нема помагање во кривично дело.

    Таа се повика на други вештаци на одбраната, според кои „најс трак“ системот не можел воопшто да пресретнува сообраќај на интернет. Не можел да следи комуникации по мејлови, ниту Фејсбук, Твитер, Јутјуб, ни Вибер, Телеграм, ни Ватсап, ни хттп протокол, а ни разговори на фиксна телефонија. Се правеле напори да се унапреди системот, но без успех, рече Јанкулоска, останал неефикасен.

    Но, системите за прислушување од кои излегоа над милион незаконски прислушувани разговори, иако имал недостатоци, како што тврди Јанкулоска, туку по околу 2 месеца откако опозицијата почна да ги објавува јавно тие прислушувани разговори.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира