СЈО ЌЕ ЈА ОБЖАЛИ ОДЛУКАТА ЗА ОДБИВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА „КОСМОС’

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Скопје,САКАМДАКАЖАМ.МК

    СЈО ЌЕ ЈА ОБЖАЛИ ОДЛУКАТА ЗА ОДБИВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА „КОСМОС’

    Специјалното јавно обвинителство(СЈО) ќе ја обжали одлуката на Кривичниот суд да ги одбие мерките за претпазливост за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, градоначалникот на скопската општина Гази Баба Тони Јакимовски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски како неосновани.

    Од СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека сеуште ги немаат добиено решенијата од Судот. Роковите за жалба почнуваат да течат кога решенијата ќе стигнат до СЈО.

    Специјалното јавно обвинителство има рок од 24 часа по добивањето на решенијата да поднесе жалба на одлукaта нa Кривичниот суд.

    Синоќа судија за предходна постапка донесе решение дека нема да применат ниаккви мерки за претпазливост за тројцата осомничени за случајот “ТНТ“ за уривање на објектот „Косомос“ на Фијат Цаноски, лидер на ПЕИ во 2011 година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира