ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ ЗА СКОПСКИ КАФАНЏИЈА ОТИ ГО СКРШИЛ ИНСПЕКЦИСКИОТ ПЕЧАТ ЗА ЗАТВОРАЊЕ И ПРОДОЛЖИЛ ДА РАБОТИ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ ЗА СКОПСКИ КАФАНЏИЈА ОТИ ГО СКРШИЛ ИНСПЕКЦИСКИОТ ПЕЧАТ ЗА ЗАТВОРАЊЕ И ПРОДОЛЖИЛ ДА РАБОТИПри контрола, инспекторите констатирале дека угостителскиот објект продолжил да работи и во него имало гости (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривичното дело Симнување и оштетување на службен печат или знак. Осомничениот е сопственик и управител на угостителскиот објект „Јужна пруга“ во Скопје, на кого овластен инспектор за животна средина од Општина Аеродром му изрекол забрана за вршење дејност, што било истакнато и на влезната врата на објектот. Меѓутоа, тој го отстранил решението, а при контрола инспекторите констатирале дека угостителскиот објект продолжил да работи и во него имало гости.

    „Со тоа што продолжил да врши угостителска дејност иако не исполнувал услови за тоа, осомничениот манифестирал непочитување на службените акти, попречувајќи го нормалното функционирање на јавните институции. Бидејќи со симнувањето на службениот знак постои основано сомнение дека е сторено кривично дело, јавниот обвинител побара од Судот да определи и мерка на претпазливост додека трае кривичната постапка, односно да му изрече на осомничениот забрана да врши дејност – давање угостителски услуги и во целост да го спроведе решението на надлежните инспекциски служби“, соопшти ОЈО Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира