СОЊА НИКОЛОВСКА ОД „ТАТ“ СЕ ВРАТИ ВО „ИДРИЗОВО“ ДА ОДЛЕЖИ 8 ГОДИНИ ЗА ДВЕ НОВИ ИЗМАМИ НА БИТОЛЧАНИ ОД 600 ИЛЈАДИ ЕВРА

    СОЊА НИКОЛОВСКА ОД „ТАТ“ СЕ ВРАТИ ВО „ИДРИЗОВО“ ДА ОДЛЕЖИ 8 ГОДИНИ ЗА ДВЕ НОВИ ИЗМАМИ НА БИТОЛЧАНИ ОД 600 ИЛЈАДИ ЕВРАЖртви на овие нови измами повторно биле битолчани и граѓани од битолската околија. - Затворот во Идризово (архивска фотографија)

    Поранешната осудена измамничка на 13.000 штедачи во аферата „ТАТ“ Соња Николовска, од завчера пак е во затворот „Идризово“, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Управата за санкции Јовица Стојановиќ.

    Овојпат таа е осудена за две измами тешки околу 600 илјади евра, за кои добила затворска казна од осум години. Жртви на овие измами повторно биле битолчани и граѓани од битолската околија.

    Николовска, според нашите информации, дошла во „Идризово“ сама, доброволно, без полициски спровод. Веста дека таа дошла на издржување нова затворска казна за измама ја објави порталот „Досие“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира